Помен за српските пилоти
05.04.2011 08:12
| KumanovoNews
По повод 70 годишнината од загинувањето на српските авијатичари на аеродромот Аџитепе, Обединетата српска зедница, регионален одбор Куманово, утре ќе положи цвеќе на споменикот на пилотите во населбата Долно Којнаре.
Поменот ќе се одржи во 10 часот, а ќе присуствуваат претставници од невладините српски организации, политички партии, борци и граѓани.
Осумте пилотите од Петиот ловечки полк на војската на Кралството Југославија, загинале на 6 април 1941 година во 4.30 часот на воениот аеродром Аџитепе од германската авијација, два часа пред бомбардирањето на Белград и почетокот на Втората светска војна на балканските простори.