Мени

Помош за сиромашните во Недела на солидарноста

22.04.2013 08:16 | KumanovoNews

 Во рамки на “Недела на солидарност“ од 22 до 28 месецов Црвен Крст Куманово ќе собира донации за помош на загрозени лица од руралните средини, посебно стари луѓе и лица со посебни потреби.

Помош за сиромашните во Недела на солидарноста

Од Црвен Крст ги повикуваат хуманите граѓани да донираат облека, обувки, храна, средства за лична хигиена или пари со што ќе им помогнат на сиромашните семејства.

 Хуманитарните активности се под мотото “Вашиот прилог - значајна помош“. На сличен начин Неделата на солидраност се одбележува во главниот град и другите места во Македонија.