Пописот пропадна?
Државната пописна комисија си поднесе колективна оставка, и откажани се сите понатамошни активности на три дена пред крајот на пописот.
Kомисија на синоќешната седница констатирала дека не се исполнети условите за понатамошно спроведување на пописот и одлучи да ги сопре сите активности.
Причина за таквата одлука се однесува на нееднаквата примена на методологијата утврдена од страна на Државниот завод за статистика, а усогласена со Еуростат, од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година. Ова се однесува на условите за попишување во делот на оригинални исправи.
Државната пописна комисија од овие причини констатираше дека врз основа на погоре наведеното пописот не може да резултира со релевантни податоци врз основа на што комисијата не може понатаму да ги исполнува своите законски обврски. Поради тоа сите членови на Државната пописна комисија си поднесоа неотповиклива оставка.
ДПК ги повика сите учесници во пописот 2011 да ги сопрат сите идни активности поврзани со пописот.