Попладне локален дожд и грмежи
17.08.2011 11:58
| KumanovoNews
Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност.
Во попладневните часови постојат услови за појава на краткотраен дожд и грмежи. Температурата во Македонија ќе се движи од 25 до 36 степени Целзиусови.
Во Куманово и околината температурата ќе се задржи околу 30 степени.