Мени

Поплавени десетина села во трите општини

06.12.2010 12:49 | KumanovoNews

Поројните дождови што за време на викендот ја зафатија земјата, поплавија куќи и обработливо земјоделско земјиште во општините Старо Нагоричане, Куманово и Липково.

Поплавени десетина села во трите општини

 Во текот на вчерашниот ден интервенирано било на три места на коритото на река Пчиња во Општината Старо Нагоричане.Со механизација бил отстранет натрпаниот песок, муљ, чакал и дрвја кои ги оптеретувале столбовите на мостовите, создавајќи вештачки брани кои претставувале опасност за излевање. Било интервенирано и на патниот правец Пелинце-Враготурце, по што е овозможено нормално движење на возила и луѓе.

Од големите излевања на Крива река регистрирана била поплава на 70 куќи , штали и други помошни објекти , како и 500 хектари обработливо земјиште во кумановските села Бељаковце, Довезенце,Јачинце, Зубовце , Шупли камен и Доброшане. Од невремето патниот правец што го поврзува село Клечовце бил прекинат, а целосно е оштетен и мостот на реката Крива кој го поврзува Горно со долно Бељаковце.

Регистрирано е излевање и на реката Горубинка во куманоското село Речица, по што под вода се 20 куќи и над 80 хектари обработлива земјоделска површина.

Во Општината Липково се излеаа реките Отљанка, Оризарка, Матејчанка и Слупчанка и зафатија 30 куќи и придружни објекти и околу 150 хектари ниви. Механизацијата на Водостопанство во текот на денешниот ден работи на отстранување на последиците од поплавите.

Одронот на патниот правец Куманово-Свети Николе кај село Доборошане е отстранет од страна на Македонија пат и патниот правец е оспособен за движење на возила.Свлечиштето е се уште активно и зависно од временски прилики може да настане повторен одрон и да го блокира патниот правец. Регионалниот центар за управуавње со кризи и Макеоднија пат ја следат состојбата на теренот и доколку има потреба повоторно ќе се интервенира - информира РЦУК-Куманово.