Поплавени две штали во Довезенце
03.04.2013 13:59
| KumanovoNews
Во селото Довезенце утрово се излеала Крива Река при што водата зафатила две штали со добиток.
Поплавени се две штали во кои имало 20 грла крави, и 30 свињи. Селаните кога виделе дека водата надоаѓа веднаш стоката ја изнеле надвор и нема штети. На истото место и минатиот пат имаше излевање и сега луѓето биле на штрек. Сопственикот пред малку ни јави дека водата се повлекува - велат од Центарот за управување со кризи.
Претседателите на месните заедници во случај на поплави ги известуваат вработените во Центарот за упраување со кризи, кои алармираат до останатите институции кои располагаат со кадар, механизација и можат да делуваат на терен.