Мени

Поплавените ги расчистуваат куќите

06.03.2013 11:32 | KumanovoNews

 Жителите на населбата Средорек и останатите сопственици на поплавените куќи со кофи ја исфрлиле водата од своите домови, а мебелот го изнеле надвор да се исуши од влага.

Поплавените ги расчистуваат куќите

Тие велат дека во куќите имало еден метар вода и ќе треба време ѕидовите да се исушат од влагата.

Мора да се чисти, има вода и тиња, не можеме внатре да влеземе. Сигурно ќе поминат уште три недели додека да се исуши целосно. Поднесовме барање до општина, имаме оштетено три тепиха, алишта и регал. Комисија помина веќе. Кај други луѓе има и поголема штета - вели Снежана Асеновска, жител на Средорек.

И другите жители раскажуваат дека им се поплавени кујнските апарати. Се што со мака стекнале со поплавата им е уништено.

Три дена со сопругот со кофи исфрлавме вода. Ми се расипа фрижидер и електричен шпорет. Теписите ги исправ, па чекам да се исушат и внатре да ги постелам. Зимница исто ништо немам, се е поплавено. На внук ми автомобилот го зафати вода, го мијат од тиња - изјави Иснија Далипова, од истата населба.

Повеќето Роми и по поплавите останале во своите домови, а мал дел се сместиле во спортските сали или преспале кај роднини.