Мени

Поплавените семејства сместени во училишните спортски сали

27.02.2013 11:00 | KumanovoNews

 Над 200 Роми од населбата Средорек чии куќи се поплавени од вчера попладне се сместени во спортските сали на три основни училишта во градот.

Поплавените семејства сместени во училишните спортски сали

Поплавените ги згриживме во салите на ОУ “11 Октомври“, ОУ“Крсте Мисирков“ и ОУ “Браќа Миладиновци“. Донесени се по 100 сунѓери и ќебиња од Црвен Крст, исто толку ќебиња обезбеди Дирекција за заштита и спасување и 40 хигиенски пакети од општината. За сите е обезбеден оброк, а денеска имаме најави дека и семјства од другите населби ќе добијат сместување. Апелираме до Владата да ни помогне, да се обезбеди храна за семејствата. Има граѓани во Бејтови ниви, Проевце кои престојуваат кај роднини. И нив им треба наша помош - изјави Зоран Павловски, претседател на кризен штаб за заштита и спасување.

Семејствата сместени во салата во ОУ “11 Октомври“ и велат дека тука ќе останат додека да се повлече водата од нивните куќи.

Павловски додаде дека еден багер е отиден кон Шупли Камен, а штом водата ќе се повлече со механизација ќе се расчистува во Долно Којнаре и на улица “Никола Тесла“. Од денеска граѓаните кои претрпеле штета треба истата да ја пријават во општината, а потоа комисија ќе излезе на терен.