Мени

Поплочена улица во Тоде Мендол

08.11.2011 09:51 | KumanovoNews

 Улицата 1001, што се наоѓа кај амбулантата во населбата „Тоде Мендол„ вчера беше свечено предадена во употреба.

Поплочена улица во Тоде Мендол

Улицата е во должина од 150 метри, а нејзината реконструкција со поставување на водоводно-канализациона мрежа и бекатон плочки чини 60 илјади евра.

Ова значи многу за жителите на оваа улица, бидејќи се подобруваат условите за живот со тоа што добивме комплетна инфраструктура. Повеќе нема да газиме кал како во изминатите години, и улицата сега приличи на времето во кое живееме- вели советникот Дритан Рамадани.

Градоначалникот Зоран Дамјановски, кој ја пресече лентата најави дека ќе локалната самоуправа ќе продолжи со инвестициите во оваа населба, како повеќе проекти во населените места каде што претежно живее албанско население.