Мени

“Порака наша“ го одбележа Денот на лицата со попреченост

03.12.2012 13:17 | KumanovoNews

Штитениците на Дневниот центар “Порака наша“ со приредба го одбележа 3 декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

“Порака наша“ го одбележа Денот на лицата со попреченост

Благица Димитровска, родител и претседател на “Порака наша“, обраќајки се на присутните, истакна дека оваа категорија на луѓе не бара милостина, туку права, кои ги имаат и другите граѓаните во општеството. Таа вели дека многу родители за да се грижат за своето дете со пречки во развој, принудени се да ја остават работата, а поради тоа имаат финасиски проблеми.

- Пораката од денешната прослава е дека и лицата со интелектуална попречености, и ние како нивни семејства, имаме право на достоинствен живот. Денеска сакаме да ги промовираме нивните можности и способностите. Ако нашите деца имаат соодветна поддршка тие можат да бидат еднакви граѓани на општеството. Сите закони го даваат тоа право, но се оневозможени од околината - изјави Димитровска.

На прославата говореше и градоначалникот Зоран Дамјановски, кој потсети дека во изминатите седум години здружението заедно со општината го создаде центарот, кој бележи напредок и ги згрижува децата над 18 години. Тој рече дека овие луѓе треба да бидат рамноправни во општеството.

Здружението направи надчовечки напори за да не обедини сите нас, пред се луѓето од политиката и локалната самоуправа, а на некој начин успеавме да направиме промоција и кај бизнис секторот. Денеска ги гледаме резултата од таа соработка и упорна работа- рече Дамјановски.

На прославата присуствуваа поддржувачите на „Порака Наша„, претставници од УСАИД, од американски мировен корпус, од локалната самоуправа и приватни претпријатија.

Во “Порака наша“ се згрижени 21 лице, а во државниот центар има уште 25 лица со пречки во развојот.