Пороен дожд го зафати Куманово
11.09.2013 09:04
| KumanovoNews
Поројниот дожд што утринава го зафати градот ги донесе и првите проблеми со вода по градските улици и метеж во сообраќајот.
Дождот почна да паѓа околу 7.30 часот и за неколку часа рекa вода течe по улиците, поради затнатите шахти за атмосфeрската канализација. Поради врнежите поголем број на граѓани ги користат своите автомобили, па и сообраќајот се одвива отежнато.
И додека граѓаните жалат по сувото и топло време и се почесто на работа ќе одат со чадор, дождот е благодет за земјоделците и за почвата.
Повеќе од еден месец во Куманово немаше дожд.