Мени

Посебен сообраќаен режим за Илинден во Пелинце

30.07.2013 13:07 | KumanovoNews

 На 2 aвгуст во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце ќе се оддржи традиционална прослава за одбележување на 69 годишнината од одржување на Првото заседание на АСНОМ, каде ќе присуствува и претседателот Ѓорѓе Иванов.

Посебен сообраќаен режим за Илинден во Пелинце

Официјалниот почеток на прославата е закажан за 11 часот и се очекува присуство на граѓани од сите краеви на државата.  По тој повод СВР Куманово апелира граѓаните во Меморијалниот центар во Пелинце да пристигнат до 10,00 часот, бидејќи поради присуство на ВИП гостите ќе биде применет посебен режим во сообраќајот со запирање на сите возила и пропуштање на службените возила со првенство на минување

Заради безбедно одвивање на сообраќајот сите учесници да се придржуваат до сообраќајните правила и прописи. Поради високите температури граѓаните кои ќе присуствуваат во Пелинце да ги превземат сите превентивни мерки да не предизвикаат пожар.