Поскапе венчавањето надвор од матично
03.06.2014 07:40
| KumanovoNews
Склучувањето на граѓанскиот брак надвор од службените простории на матичните служби во иднина ќе се наплаќа поскапо, информираат од Управата за водење на матични книги.
Надоместокот кој досега изнесуваше 3000 сега е 3102 денари, од 3300 поскапе на 3402 денари, а сумата од 6600 сега е зголемена на 6804 денари. Цените се дефинирани зависно од тоа каде ќе се изврши регистрацијата, на колкава оддалеченост, во кој ден, дали тоа ќе биде надвор од работното време на матичарот и слично.
Од Управата за водење на матични книги за корекцијата на цените ги известуваат странките и вработените во подрачните матични одделенија.