Мени

Поставени лулашки за деца со хендикеп

18.03.2013 13:47 | KumanovoNews

 Пред Центарот за култура денеска се поставени две лулашки за деца со инвалидитет, набавени од донации на ученици, приватни фирми и државни институции.

Поставени лулашки за деца со хендикеп

Волонтерите од Црвен Крст објаснуваат дека со овој проект ги промовираат хуманите вредности.

Сакаме лицата со телесен инвалидитет да ги вратиме во нивното неизживеано детство или доколку се деца да го доживеат како децата со нормален развој. Ние ќе бидеме тука да им помогнеме не само финансиски, туку и со поддршка за нивните потреби кои често не се видливи за другите луѓе. Ние младите во рамки на Црвен Крст се собравме во една група за да помогнеме и собравме донации од основни и средни училишта, приватни фирми, државни институции. Овие лулашки ќе останат овдека во центарот на градот - вели Нита Зеќири, волонтер во Црвен Крст.

Проекти за промоција на хумани вредности во земјава се реализираат цели 15 години.