Потребна итна помош за Никола Вулетиќ
26.02.2014 11:03
| KumanovoNews
Никола Вулетиќ (13) од Куманово е опериран од тумор на мозокот во Истанбул, но за понатамошното лекување со хемотерапија и радиотерапија потребни се 100.000 евра.
Бидејќи се работи за агресивен тип на тумор на малиот мозок, кој може брзо да се прошири, детето е оперирано во јануари годинава во болницата Аџибадем. Родителите за операцијата сами обезбедиле сума од 40.000, но не се во можност да ги покријат трошоците за лекувањето.
Семејството ги моли хуманите граѓани доколку се во можност да донираат на жиро сметка
300097024332971
Комерцијална банка АД Скопје
на име Никола Вулетиќ
полномошник: Горан Вулетиќ