Мени

Повеќе населени места денеска без струја

14.11.2013 08:43 | KumanovoNews

Без напојување со електрична енергија денеска ќе останат повеќе населени места во кумановско, липковско и во Старо Нагоричане.

Повеќе населени места денеска без струја

Во периодот од 8 до 10 часот без струја ќе бидат селата Старо Нагоричане, Зебрњак, Тромеѓа, маалите Ѓорговци и  Трендафилци.

Во периодот од 9 до 13 часот селата Ваксинце, Лојане, дел од Табановце, Слупчане, Оризаре, Алешевце, Руница и Извор, информираат од Регионален центар за управување со кризи.

Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие региони - се вели во соопштението.

Поради дефекти во мрежата снабдувањето со електрична енергија е прекинато во селата Доброшане, Проевце, дел од населба Зелен Рид, Матејче и Отља.