Мени

Повеќето невработени кумановци пасивно бараат работа

18.04.2013 13:12 | KumanovoNews

Заклучно со 15 април, во Агенцијата за вработување Куманово, доставени се 15.643 обрасци за пререгистрација на невработени. Поголем дел од нив пасивно бараат работа.

Повеќето невработени кумановци пасивно бараат работа

Како пасивни баратели на работа се изјасниле 9.810 невработени. Од евидентираните невработени лица дека активно бараат работа се изјасниле 5.833 лица - велат од Агенцијата за вработување во Скопје.

Формулари за пререгистрација подигнале 20.457 невработени граѓани, што значи дека уште 4.814 луѓе треба да ги вратат обрасците во Агенцијата за вработување Куманово и да одлучат дали на шест месеци или секој месец ќе се пријавуваат во потрага по работа.