Мени

Повеќето сточари не платиле пашарина

19.06.2013 09:20 | KumanovoNews

 Во кумановско, голем дел од сточарите со години не платиле пашарина за користење на пасишта, поради што можат да останат без субвенции.

Повеќето сточари не платиле пашарина

Тие се правдаат дека не знаеле за оваа обврска и се почесто ја регулираат, за да го искористат правото на парична помош во сточарството.

Шест години немам платено пашарина. Не знаев каде треба да се плати иако сумата не е голема. За ситен добиток се плаќа по 50 денари по грло, а за крупен добиток по 250 денари од грло. За да добијам субвенции треба да приложам и уплатница за платена пашарина - објаснува еден од сточарите.

Од 1 јуни во Куманово е отворена подружница на јавното претпријатие за стопанисување со пасишта и е лоцирано во просториите на Здружение на земјоделски производители на улица “Доне Божинов“. Во оваа установа сточарите можат да се обратат за плаќање пашарина.