Мени

Повторно “никна“ добиточен пазар кај стадионот

14.10.2013 11:48 | KumanovoNews

 Во пресрет на муслиманскиот празник Курбан Бајрам вчера и денеска сточари со камиони продаваат овци кај Градскиот стадион.

Повторно “никна“ добиточен пазар кај стадионот

Петнаесетина камиони се паркирани на потегот од стадионот па се до градскиот парк, иако во градот постои добиточен пазар во селото Којнаре. Продавчите велат досега немале никакви проблеми со инспекција поради тоа што продаваат добиток на улица.

Ако одиме на сточен пазар треба да платиме за влез, баждар. Земаат 100 денари за дезинфекција без разлика дали е направено или не дефзинфекција. Луѓето се жалат дека им е скапо. Од утрово продадов само една овца. Оваа година е полошо од лани - изјави сточар од село Ваксинце.

Овците се продаваат по цена од 60 до 100 евра, но продажбата оди слабо велат продавачите.

 Слабо оди, немаат луѓето пари. Зависно од големината овците се продаваат од 4.000 до 6.000 денари. Трговците доаѓаат рано уште во 5 часот наутро. Овдека продаваме бидејќи тука ни се блиску муштериите, ни одговара местото - вели трговец.

Најупорните планираат и утре на првиот ден од Курбан Бајрам да дојдат на истото место со камиони за да продаваат добиток.