Мени

Повторно во функција бројот 193

06.02.2014 14:08 | KumanovoNews

Дефектот на телефонската линија во Противпожарната служба е отстранет, по што од доцна синоќа бројот 193 повторно е во функција.

Повторно во функција бројот 193

Се работеше за дефект на подземен кабел кој води до нас и тој е поправен. Граѓаните во случај на пожар можат да не добијат на 193. Имавме мирна ноќ со една интервенција синоќа во 23.30 часот на запален оџак на улица “Поток Серава“. Нема материјална штета, единствено луѓето беа во паника бидејќи оџакот се запалил - вели Дејан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.

Вообичаено во зимските месеци Противпожарната единица бележи помал број на интервенции.