Пожарникарите од нашиот регион ќе се натпреваруваат со колегите
23.04.2014 13:41
| KumanovoNews
Пожарникарите од североисточниот регион на 19 мај во Скопје ќе се натпреваруваат во спасување на луѓе од хаварисани возила со колегите од другите региони во Македонија .
Екипата ќе биде составена од пожарникари од општините Куманово, Крива Паланка, Кратово и Ранковце.
Ќе се натпреваруваме во вадење на луѓе од хаварисано возило со нашите противпожарни средства и опрема. Судиите ќе бидат од Англија. Ова ќе биде условно кажано натпреварување бидејќи целта е да се дружиме во пресрет на Денот на пожарникарите и да научиме нешто ново - вели Деан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.
Натпреварот го организираат Дирекција за заштита и спасување, АМСМ и Операција Флоријан.