Познати добитниците на ноемвриските награди во Старо Нагоричане
08.11.2011 11:17
| KumanovoNews
Советот на Старо Нагоричане одлучи да подели 7 Ноемвриски награди на поединци и фирми кои живејат и работата на територијата на Општината.
Наградата за најуспешно претпријатие ја доби „Јоцо-Турс„, за најдобар земјоделец Далибор Трајковски од Младо Нагоричане, најдобар сточар Драган Илиќ од Старо Нагоричене, за достигнувања во областа на спортот Драган Ѓорѓевиќ, најубаво уреден двор Рајна Димковска, просветен работник Маја Марковиќ и здружението на граѓани „Изгрев„ Кокино.
Наградите на добитниците ќе им бидат врачени на свечената седница на 11 Ноември, кога се слави Денот на општината Старо Нагоричане.