Познати фотографи гости на Фото клубот “Козјак“
Следната недела во Фото кино клубот “Козјак“ ќе гостуваат познати имиња докажани на полето на фотографијата.
Во четврток, кратка презентација во клубските простории на ФКК“Козјак“ ќе има Бурак Сенбак, фотограф од Турција. Утредента гости на клубот ќе бидат двата познати мајстори на фотографија Драгослав Мирковиќ и Зоран Ѓорѓевиќ, кои всушност ќе бидат и жири членови на изложбата на уметничка фотографија која ФКК Козјак ќе ја организира во Крива Паланка. За 2012 година претседателот Владимир Јовановски вели дека ќе ја паметат по многу успеси.
Мора да напоменеме дека врз основ приложеното може да заклучиме дека оваа година е една од најпродуктивните, најактивните и најплодните години на историјата на клубот. Фото кино клуб Козјак од Куманово, 2012 година ја смета како една од најуспешните години, не само поради работата на полето на уметничка фотографија и непрофесионален филм, туку поради резултатите кои беа плод на сите активности на клубот. Финиширавме и со првиот дел од почетниот и напредниот курс по фотографија, а сега влегуваме во дигиталната лабораторија, односно Фотошоп. Во овој дел од курсот свои излагања ќе имаат значајни имиња на полето на светската арт фотографија - изјави Јовановски.
Во 2013 година, ФКК Козјак продолжува со своите творечки, излагачки и организациски активности.