Мени

Познати најдобрите литерати во “Наце Буѓони“

15.11.2013 13:16 | KumanovoNews

По повод Месецот на книгата, средното техничко училиште “Наце Буѓони“ за своите ученици распиша конкурс на темата “Книгата е извор на сите мудрости“.

Познати најдобрите литерати во “Наце Буѓони“

Пристигнаа повеќе од 20 творби при што наградени се трите најдобри на македонски и албански наставен јазик.

Од македонските паралелки наградени се: Стефан Андоновиќ прво место, Ресмије Асановска второ место и Ивана Стојчевска е трета.

Од албанските паралелки награди добија: Монализа Мемети прво место, Нита Зеќири второ место и трета е Кујтеса Џеладини.