Познати првенците на генерација
Здружението на просветни работници со доделување на дипломи на најдобрите ученици на генерацијата во основните и средни училишта во Куманово, и пригодна свеченпост синоќа го одбележа, Денот на просветните работници и сесловенските просветители Кирил и Методи.
Секоја година традиционално доделуваме дипломи на учениците првенци на генерацијата, а исто така ќе има благодарници на подржувачите на оваа културно-забавна манифестација.На овој начин сакаме да го истакнеме големото значење на образованието, бидејќи децата претставуваат наша надеж, наша иднина и најголем влог на едно општество - вели Лидија Николовска-Георгиевска, претседател на Здружение на просветни работници.
Оваа година најдобри осмооделенци се:
Андреј Стефановски ОУ „Крсте Мисирков„ Куманово, Андријана Митевска ОУ „Христијан Тодоровски Карпош„ село Младо Нагоричане, Валентина Трајковски ОУ „Христија Тодоровски Карпош„ село Драгоманце, Дамјан Тричковиќ ОУ „Толи Зордумис„ Куманово, Зана Замери ОУ „Бајрам Шабани„ Куманово, Зорица Јакимовска ОУ „Вера Которка„ село Клечовце, Јехона Адеми ОУ „Ероним Дерада„ село Черкези, Христина Цветковска ОУ „Браќа Миладиновци„ Куманово, Мила Николиќ ОУ „11 Октомври„ Куманово, Милан Спасовски ОУ „Вук Караџиќ„ Куманово, Медијан Изаири ОУ „Кирил и Методи„ село Романовце, Миа Мицевска ОУ „Кочо Рацин„ Куманово, Мики Стојановиќ ОУ „Светозар Марковиќ„ Старо Нагоричане, Наталија Станковска ОУ „Битолски конгрес„ село Лопате, Оливера Каранфиловска ОУ „Кирил и Методи„ село Романовце, Сара Андреевска ОУ „Браќа Рибар„ село Табановце и Тамара Арсиќ ОУ „Карпош„ село Умин Дол, додека од средните училишта Мартина Цокински од техничко училиште „Наце Буѓони„, додека во останатите училишт прогласувањето се вршело по 3 јуни.
Во културно-забавната програма учествуваа деца од предучилишната возраст, ученици од основното и средно образование, како и Здруженито на пензионерите.