Предавање во Липково за “Дијабетес и очни компликации“
22.05.2014 07:26
| KumanovoNews
Во Липково на 29 месецов ќе се оддржи предавање на тема “Дијабетес и очни компликации“ во организација на Здружение на дијабетичари Куманово.
Предавачи ќе бидат офталмологот Али Далипи од Општа болница Куманово кој ќе зборува за катаракта и дијабетичка ретинопатија и Бајрам Исмаили кој ќе зборува за дијабетес. Потоа ќе им измериме шеќер во крвта што е уште една активност за едукација на нашите членови и населението - рече Драган Гачевич, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.
Ова здружение преку предавања го советува населението во Куманово, Липково и Старо Нагоричане за откривање и лекување на дијабетесот.