Предавање за дијабетес и катаракта
Во Општа болница Куманово, утре во 12 часот ќе се оддржи предавање за дијабетичари на тема дијабетичка ретинопатија“ и катаракта со офталмолозите Биљана Костовска и Златко Арнаудовски од Скопје.
Лекарите ќе зборуваат за слепило како компликација од дијабетес.
Овие активности ги правиме по повод 14 ноември - Светски ден на дијабетес. Пред Центар за дијабетес и тогаш ќе се мери шеќер во крвта, ќе има пешачење до Спомен Костуница. Целта е да се покаже дека физичката активност има удел во регулирање на шеќер во крвта - изјави Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.
По завршување на предавањето ќе има и акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта.Централното одбележување на овој ден ќе биде на 16 месецов во Скопје каде ќе учествуваат и кумановските дијабетичари.