Мени

Предавање за дијабетес во Гимназија „Гоце Делчев“

14.03.2014 09:41 | KumanovoNews

Во Гимназија “Гоце Делчев“ на 14 март ќе се оддржи предавање за дијабетес во организација на Здружение на дијабетичари Куманово.

Предавање за дијабетес во Гимназија „Гоце Делчев“

Предавач ќе биде Мирјана Шмрчова од Клиника за педијатрија од Скопје.

Дијабетесот како болест е во експанзија и границата се поместува. Се помлади луѓе заболуваат од дијабетес. Тој број секојдневно расте. Ќе одиме во школи, во села за да им помогнеме на луѓето да ја откријат болеста доколку ја имаат - вели Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.

Предавањето ќе биде за ученици од 4 година и ќе почне во 12 часот.