Мени

Предавање за матичен млеч

03.02.2014 11:16 | KumanovoNews

Во клубот “Х.Т.Карпош“ во среда ќе се оддржи предавање за пчеларите за производството, чувањето и употребата на матичниот млеч.

Предавање за матичен млеч

Предавач ќе биде Јовица Крстевски, член на пчеларското друштво “Пчела“.

Матичниот млеч треба да се чува во посебни услови, во фрижидер и има рок на траење една година. Тој е многу корисен за организмот, за имунитетот, за луѓето кои имаат кардиоваскуларни заболувања бидејќи е богат со витамини. Само едно ќе ви кажам: пчелите јадат мед, а матицата се храни со матичен млеч и живее многу подолго од нив - вели Бранко Тасевски, претседател на “Пчела“.

Ова предавање е 6 - то по ред за оваа сезона наменето за пчеларите во Куманово.