Мени

Предавање за пауловнија - дрво за мебел

29.11.2013 15:47 | KumanovoNews

Во просториите на Здружение на земјоделски производители, утре во 11 часот ќе се оддржи предавање за одгледување на пауловнија - дрво за мебел.

Предавање за пауловнија - дрво за мебел

Локалните фармери ќе се запознаат како се огледуваат садниците од ова кинеско дрво кое се одомаќинува на нашите ниви и е многу рентабилно. Предавањето ќе го држат преработувачи мебел од Виница.

Ова дрво брзо расте и за неколку години може да се сече и да се продава за изработка на мебел, чамци, дрвени куќи, штици за сурфање или музички инструменти. За две години достигнува височина од 5 метри.

Пауловнијата ја нарекуваат дрво на иднината.