Мени

Предавање за пчеларите почетници

27.11.2012 09:52 | KumanovoNews

 Во просториите на клубот “Христијан Карпош“ утре ќе се оддржи предавање за пчелари почетници.

Предавање за пчеларите почетници

Темата на предавањето е “Со колку пчелни семејства, кога и како да се почне“, а предавач е Круме Арсовски од Куманово.

Здружението на пчелари “Пчела“ направи програма која опфаќа 14 теоретски и едно практично предавање со посета на пчеларник. До пролет се очекува гостување на меѓународни предавачи и професори од скопските факултети.