Предавање за зазимување на пчелите
09.08.2013 09:21
| KumanovoNews
Професорот Ѓоко Зечевиќ од Ужице, утре ќе оддржи предавање за зазимување на пчелите.
Зазимувањето на пчелите почнува од 1 август и токму затоа во овој период Здружението на пчелари “Пчела“ го организира предавањето. Поканети се сите заинтересирани граѓани и одгледувачи на пчели да присуствуваат на настанот.
Предавањето ќе се одржи во зградата на Комитет во 10 часот.