Предавање „Зошто пчелите умираат во зима?„
25.12.2012 15:00
| KumanovoNews
Пчеларите утревечер во клубот “Христијан Карпош“ ќе можат да го проследат предавање како за ги заштитат пчелите во зима.
Темата на предавањето е “Причина за умирање на пчелите преку зима и нивно спречување“, а предавач е Зоран Станковски. По Божиќ ќе има предавање за повеќе технологии за пчеларење и Фарар кошница, а предавач ќе биде Драгиша Стошевски.
Здружението на пчелари “Пчела“ има изготвено програма согласно која 21 тема ќе биде обработена до април 2013 година. Досега се реализирани обуки на четири различни теми.