Мени

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

14.06.2011 09:33 | KumanovoNews

 Поради дефект на водоводната мрежа без вода за пиење ќе останат жителите на улиците „Бајрам Шабани„, „Народна Револуција„ и делови од населбите Бедиње и Карпош.

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Од ЈП „Водовод„ велат дека нивните екипи веќе се на терен и работат на отстранување на дефектите. Се очекува до 15 часот да се нормализира водоснабдувањето во наведените населени места.