Мени

Прекугранична соработка за подобри услови за лицата со хендикеп

02.12.2013 13:34 | KumanovoNews

По повод 3 декември - Меѓународен ден на лицата со посебни потреби, Центарот за развој на североисточен плански регион, денеска организираше работилница за прекуграничниот проект “Сите деца учат заедно“.

Прекугранична соработка за подобри услови за лицата со хендикеп

На работилницата учествуваа вработени од училиштата и градинките од нашиот регион и нивните колеги од Дупница, Бугарија.

Заедничките искуства ќе ги споделиме и ќе направиме еден заеднички веб сајт за тоа како подобро да се справуваме со посебните потреби на децата во основните училишта при изведување на наставата. Во седум училишта ќе направиме пристапни рампи, лифтови и санитарни јазли за децата со посебни потреби за нашиот регион - вели Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.

Во ОУ “Кирил и Методи“ и во градинката “Калина“ во Општина Дупница ќе бидат изградени лифтови, тоалети и рампи за инвалиди.

 Тоа е од инфраструктурните мерки. За се друго што се случува во Република Македонија ќе се направи и во Република Бугарија. Догодина на 3 декември ќе ги поканиме нашите партнери од Македонија во Бугарија за да направиме работилница со сите учесници од двете страни - изјави Борјана Сапунџиева, началник за оддел за европски проекти во Општина Дупница.

Дефектолози пред присутните на работилницата кажа дека во земјава последниве три години се вработени само 22 дефектолози што е малку во однос на потребите. Тие објаснуваат дека еден дефектолог треба да работи со 10 до 15 деца со посебни потреби. Во Македонија само 18,9 отсто од училиштата имаат пристапни рампи,  а само 5 отсто од нив набавиле посебни дидактички средства за овие деца.