Прес соопштение
На 19 Декември 2013 год., Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово започна со имплементација на ЕУ проект “Лидерство и мотовација – занимање или професија” (Leadership and motivation – vocation or profession), Реф. бр. 2007CB16IPO007-2012-3-042, финансиран по програмата IPA Cross-border Programme CCI Number 2007CB16IPO007 помеѓу Република Бугарија и Република Македонија.
Проектот го имплементира Лидер партнер – Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово заедно со меѓуграничен партнер - Здружение Алианс за регионални и граѓански иницијативи (АРГИ) фелијала Благоевград (Р. Бугарија).
Во рамки на 12 месеци (19.12.2013 – 18.12.2014 год.) двете организации ќе работат за потикнување на економскиот развој и и социјалната кохезија во прекуграничниот регион Куманово – Благоевград.
Општа цел на проектот е да се поткрепи територијалното зближување на регионот, конкурентноспособноста и оддржливоста за развој преку една плодна соработка, зближување помеѓу луѓето и заедниците, подобрување на квалитет на животот и ефективно искористување на општите ресурси во меѓуграничниот регион.
Специфични цели на проектот се:
- Зголемување на знаењата, вештините и професионалните компетенции на раководните кадри (менаџери) во малите и средните претпријатија во регионот;
- Создавање на услови за инкорпорирање и имплементирање на современи европски стандарди за управување со човечки ресурси;
- Воспоставување на партнерства и создавање на активна и силна синергија помеѓу компаниите во регионот;
- Подобрување на внатрешната бизнис средина во компаниите.
Целна група на проектот се менаџери и HR професионалци од малите и средните претпријатија во Куманово, менаџери и HR професионалци од малите и средните претпријатиај во Благоевград и вработени лица во претпријатија (работни кадри на опфатени мали и средни претпријатија од пограничниот регион).
Проектот започна со организациски активности за имплементирање на проектот. За краток временски период ќе следи процес на изработка и печатење на информативни и рекламни материјали кои ќе бидат дистрибуирани за промоција и публикација на проектот.
Активности по проектот ќе продолжат со разработување на “Анализа и Упатство за инкорпорирање на современи европски стандарди за управување со човечки ресурси во политика на МСП од прекуграничниот регион”. Анализата има за цел да допринесе за зголемување на капацитетот на вработените на повисоките позиции во претпријатија од регионот преку имплементирање на политики за развој на човечки ресурси и ефикасно управување.
Оддржување на тркалезна маса во Куманово, една од активностите по проектот на која ќе бидат елаборирани проблеми на бизнис заедницата во процес на управување со човечки ресурси и можните солуции за надминување на тие проблеми.
Од двете страни на границата ќе бидат спроведени специјализирани обуки (тренинг академија) за менаџери и HR специјалисти преку модули за развој и управување со човечки ресурси, динамично лидерство, обезбедување на дополнителна вредност и продуктивност на компаниите и бизнис развој.
Воедно ќе бидат реализирани и групни обуки на вработени во компаниите се со цел да се воспостави поголема ефикасност на комуникација помеѓу различни нивоа на менаџмент во компаниите и поголема креативност и стимулација на вработените.
Зголемување на влијание на проектот во прекуграничниот регион и воспоставување на мрежа на контакти помеѓу младите професионалци (менаџери и HR специјалисти) ќе биде постигнато преку оддржување на тридневен Прекуграничен Форум во Благоевград, Р. Бугарија.
Прекуграничниот форумот на кој ќе присуствуваат и 15-тина учесници од Македонија (вкупно 31 учесник од двете страни на границата) ќе биде одбележан и со потпишување на “Меморандум на разбирање и спроведување на добро управување”.
Малите и средните претпријатија се двигател на економскиот развој во регионот.
Успешниот бизнис бара високо мотивирани и добро обучени работни кадри, кои сега преку проектот “Лидерство и мотовација – занимање или професија” ќе можат да учествуваат во професионални обуки кои ќе промовираат ефикасен развој и лидерско размислување, ефикасно спроведување на европски политики во областа на развој на човечки ресурси.
За повеќе информации во врска со ЕУ проектот, “Лидерство и мотовација – занимање или професија” (Leadership and motivation – vocation or profession) можете да не контактирате:
Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово
Илинденска бб Куманово
Тел./факс: +389 31 416 102
E-mail: [email protected]