Мени

Пресметани штетите од овогодинешните поплави

15.07.2013 09:38 | KumanovoNews

 Над 27 милиони денари е проценета штетата од поплавите, што го зафатија кумановско на 25 и 26 февруари годинава.

Пресметани штетите од овогодинешните поплави

Штетите по населбите, селата и улиците се 20.692.681 денари, додека на земјоделските култури, добитокот, живината и обработливите површини е 1.629.534 денари. Останатото отпаѓа за оштетувањета на инфраструктурата, дел од патот Куманово - Клечовце, мостот на Крива Река и јавните претпријатија “Чистота и зеленило“, “Водовод“ и противпожарната единица. - рече Зоран Павловски, командант на општински штаб за заштита и спасување.

За згрижување на поплавените семејства локалната самоуправа потроши милион денари.

Општината добила 495 барања од кои решени се 480 барања, а останатите се однесувале за штети во општините Старо Нагоричане и Липково.

Проценката на штетите помина на Советот на Општина Куманово и документацијата ќе биде доставена до Влада на Република Македонија.

Во оваа проценка на штетите не е влезен мостот во Пчиња, бидејќи треба пообемна работа и проценка од Архитектонски или Градежен институт.