Претепан жител на Мгленце
04.08.2013 13:36
| KumanovoNews
Г.М.(35) од селото Мгленце се здобил со сериозни повреди по телото откако завчера го претепале непознати лица и го фрлиле во дворот на Ж.С.(52) од с.Буковљане.
Г.М. се здобил со тешка повреда на левата нога и по укажаната лекарска помош во Кумановската болница пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.