Претставите на пензионерите во неколку градови
15.06.2013 12:50
| KumanovoNews
Кумановските пензионери ќе гостуваат со три претстави во неколку градови во Македонија.
Во текот на август со “Ленче кумановче“ ќе се претстават на Пехчевско културно лето и ќе ја изведат “Печалбари“ во Крива Паланка, која годинава е град на културата.
Драмата “Р“ пензионерите ќе ја играат во Куманово и во Скопје, а планираат настапи во Прилеп, Кратово, Велес и во други градови каде ќе бидат поканети.