Превенција услов за училишта без насилство
Со изработка на годишна програма за превенција и за едукација на учениците, училиштата ќе се обидат да го спречат насилството кај училишната популација.
Изнаоѓање решение кое ќе ги спречи се почестите инцидентите помеѓу учениците беа причина на зедничка маса да седнат градоначалникот, директорите на училиштата, полицијата и претставници од секторот за образование.
Конфликтите помеѓу учениците земаат се поголем замав затоа Советот за превенција мора да направи истражување и да излезе со конкретни заклучоци за спречување на инцидентите. Секое училиште ќе мора да состави програма за превенција - смета Оливер Спасовски, секретар на Општина Куманово.
Миле Стојменовиќ од секторот за образование вели дека е потребен документ во пишана форма со чија имплементација ќе се надминат несаканит појави помеѓу учениците.
Досега се делуваше несинхронизирано затоа прво ќе се скенири состојбата во училиштата, според тоа ќе се преземат мерки и активности. Секое училиште нема исти проблеми затоа е потребен со поорганизиран приод да дејствуваме за намаливање на инцидентите. Комуницираме со директорите и правиме напори да се намалат конфликтите. За да се спречат насилствата активно мора да соработуваат наставниците и родителите, родителите да бидат запознаени со однесување на нивните деца во училиште и мора да се работи на едукација на учениците - истакна Стојменовиќ.
Виолета Богдановска, раководител на одделнието за превенција во СВР и претседател на Советот за превенција посочи дека полицијата ќе даде максимален придонес за превенција на насилствата во училиштата.
Освен физички инциденти во програмата ќе бидат опфатени и превенција од областа на злоупотреба на дрога и безбедност во сообраќајот"- рече Богдановска.