Мени

Презакажан маскенбалот “Батко Ѓорѓија“

08.05.2013 09:00 | KumanovoNews

 Традиционалниот маскенбал “Батко Ѓорѓија“ наместо во сабота, ќе се оддржи во петок во 18 часот на Градскиот плоштад.

Презакажан маскенбалот “Батко Ѓорѓија“

 Настанот е презакажан поради временските услови.

Оваа година учество ќе земат сите детски градинки, основни и средни училишта, здруженија на граѓани, невладини организации, културно - уметнички друштва и други поединци и групи граѓани од Општина Куманово, но и дел од маските од струмичкиот карневал, кои ревијално ќе ги прикажат своите маски. Пријавени се околу 3000 маски кои нема да останат само на Градскиот плоштад, туку ќе направат една прошетка низ улиците на градот, покажувајќи ги своите маски. А за најдобрите маски ќе има и награди за поединечни и групни маски - велат од секторот за спорт и култура при Општина Куманово.

Десетиот по ред масканбал е под покровителство на Општина Куманово и градоначалникот Зоран Дамјановски. За присутните гости на маскенбалот ќе има културно - забавна програма.