Презентација за умствени вештини на децата
14.12.2012 09:45
| KumanovoNews
Презентација за умствени вештини кај деца од 4 до 14 години со нормален психофизички развој утре напладне ќе се оддржи во Студио MTQ во деловен центар над ресторанот Рим Париз.
Ќе се зборува за функцијата на двете хемисфери, концентрација, меморија, визуелизација, точност, брзина и слично. Целта е децата преку оваа програма да стекнат животни вештини и способности. Програмата има 12 нивоа, а секое ниво трае од 3 до 4 месеци. Децата се групираат според возраста. На крајот на секое ниво децата полагаат испит и добиваат меѓународен сертификат.
Настанот го организира Едукативниот центар Светилник од Скопје.