Мени

Презентиран проектот “Боите зборуваат - боите поврзуваат“

29.05.2013 12:00 | KumanovoNews

 Во ОУ “Крсте Мисирков“ денеска наставниците и учениците го промовираа проектот “Боите зборуваат - боите поврзуваат“, кој ги опишува традициите и обичаите на македонската, ромската и српската заедница.

Презентиран проектот “Боите зборуваат - боите поврзуваат“

Учениците заедно со наставниците ги анализираа свадбите кај трите заедници, верските празници, сунет и слично.

Дадовме се од себе за да има пријателство меѓу децата. Имаше работилници за сите три свадби, што е слично, а што различно. Имаме изберено фотографии и изработени хамери. Друга група истражуваше сунет, за Ѓурѓовден. Соработката со родители беше прекрасна. И малите деца работеа на тема Велигден, бојосување на јајца. Направивме списание со истиот наслов, и на цд има филм. Целта е децата да сфатат дека меѓу нив не треба да постои никаква разлика без разлика од која националност сме - вели Светлана Младеновска, професор по историја.

Карактеристично за ромската свадба е тоа што свадбарите се облекуваат во шалвари, на невестата и цртаат со кна по рацете и нозете, а свадбата трае од 1 до 5 дена. На младоженецот му се даваат пржени јајца со многу сол и му се сипува вода во чевлите.

На српска свадба се кити портата, а младоженецот со пушка пука во јаболко. На покривот се фрла сито и ако застане значи дека невестата ќе остане во куќата. На српска свадба се свири ужичко оро.

На македонска свадба се прави бајрак, се украсува со бонбони, се китат сватовите.

Проектот е работен почнувајќи од месец февруари и е поддржан од УСАИД.