Мени

Пријава за 15 грама хероин

09.03.2011 12:54 | KumanovoNews

 Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Д.П. (36) од Куманово, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Пријава за 15 грама хероин

Пред три дена на ул.„Димче Јовчев„, при претрес во возилото на пријавениот,  пронајдена и одземена е 14,83 грама наркотична дрога „хероин“. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.