Мени

Пријави за чуварите што им побегна затвореник

03.12.2012 14:11 | KumanovoNews

 Чуварите од затворот Идризово, на кои летоска им побегна затвореник пред Основниот суд Куманово, кривично ќе одговараат.

Пријави за чуварите што им побегна затвореник

Затворските чувари Ќ.С.(28) и М.В.(42), двајцата од Скопје, вработени во КПУ „Затвор Скопје“ заработија пријави за сторено кривично дело „овозможување бегство на лице лишено од слобода“, додека И.Х.(18) од скопското село Орланци за кривично дело „бегство на лице лишено од слобода„.

Истрагата утврдила дека затворските службеници не постапиле по планот за транспорт и на приведениот не му ги врзале рацете.

Спектакуларното бекство се случи во јули годинава, кога Х.И. со затворско комбе бил донесен на судење во Кумановскиот суд. Во моментот кога излегувал од службеното возило, го удрил обезбедувањето и почнал да трча по улицата. Полицајците потрчале по него, но тој успеал да им избега и да се сокрие во тесните улици спроти Поштата.