Привршуваат ископувањата на Кокино
При крај се ископувањата на дел од мегалитската опсерваторија Кокино кои ги спроведуваат стручни лица од Народен музеј Куманово.
Се работи на таканаречената северна тераса на самиот локалитет. Тоа претставува всушност ѕид од сто метри кој го опкружува делот во кој се оддржувале дел од обредите, ритуалите. Ископувањето е при крај и даде богат археолошки материјал кој е од бронзеното време. На локалитетот работат археологот Јовица Станковски и Мирослав Петковски, архитектот Славица Цветановска и нашите конзерватори и уште десет работници - вели Анита Цветановска, директор на Народен музеј Куманово.
Ископувањето трае петнаесетина дена, а ископаниот материјал ќе се конзервира.
Наскоро треба да почнат и ископувања на локалитетот Визијанус во близина на село Клечовце.