Продадени 8000 кубици дрва за оваа грејна сезона
27.08.2013 12:10
| KumanovoNews
Од Шумско стопанство Куманово велат дека за оваа грејна сезона се продадени околу 8000 кубици дрва за огрев.
Тоа се дрва од наши складови, од приватни шуми бидејќи тоа оди преку нас. Најбаран е дабот. Ќе има доволно дрва за сите граѓани. Ние правиме комбинации, така така што ако во подружница Куманово нема бука, донесуваме од Крива Паланка или друг град се во интерес на граѓаните. Продажбата оди одлично во овој период, ние сме задоволни, а верувам и граѓаните се задоволни - вели Ваит Саити, директор на Шумско стопанство.
Тој објаснува дека купувачите обично порачуваат по 8 до 10 кубици огревно дрво за престојната грејна сезона.