Мени

Продажба на ракотворби за “Порака наша“

25.12.2013 13:34 | KumanovoNews

Рачно изработени предмети од корисниците на “Порака наша“ и ученици од медицинска струка од “Наце Буѓони“ денеска се продаваат во Комерцијална банка.

Продажба на ракотворби за “Порака наша“

Граѓаните можат да донираат за рачните изработки, а собраните средства ќе бидат новогодишен подарок за корисниците на “Порака наша“.

Ова го правиме симболично трета година по ред. Цени нема за ракотворбите и кој колку може ќе донира. Тоа беше идеја на нашите ученици од здравствената струка, да помогнеме на “Порака наша“. Средствата утре ќе ги врачиме на нив - изјави Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ, професор по стручни предмети во “Наце Буѓони“.

 Ракотворбите утре ќе се продаваат во супер маркет “Тинекс“.