Проект за заштита на бремeните жени
По повод 7 декември - Светскиот ден на човековите права Националниот Ромски Центар денеска го промовираше проектот “Преку засилен глас до подобри здрaвствени услуги“.
Овој проект има за цел да им помогне на жените приматели на социјална помош, бидејќи тие имаат финасиски потешкотии и не можат да платат партициплација за прегледи во бременоста. Тоа резултира со смртност на 9 новороденчиња на секои 1000 бебиња. Целна група на проектот се жените на возраст од 15 до 49 години кои се во репродуктивен период.
Жени кои во земјава се приматели на социјална парична помош месечно треба да одвојат од 300 до 500 денари што сметам дека е висока сума и токму заради овие бариери не одат редовно на прегледи. Апелираме до луѓето кои донесуваат закони, креираат политики, кои што гласаат како парламентарци, претставници во министерства да прифатат оваа сума да биде покриена од страна на државата се со цел да се подобри квалитетот на здравствената заштита.- вели Себихана Скендеровска, координатор на проектот.
Нисо Тасев, началник на одделение за гинекологија и акушерство во Општа болница Куманово објаснува дека за здравјето на жените најмногу грижа треба да водат матичните гинеколози, но информираноста треба да се подигне на повисоко ниво.
Оваа кампања треба да продолжи со давање на совети од лекарите, со давање на брошури. Точно е тоа дека не се доволно информирани, но мислам дека треба да има повеќе усмени предавања за жените да одат на контрола барем неколку пати во бременоста за да се следи крвна слика, инфекции и посебно скрининзи од 14, 15, 16 до 20 недела. - изјави Тасев.
Согласно упатството на Министерството за здравство, секоја жена пред породувањето треба да направи 10 прегледи.