Мени

Проекти за финансиска подршка на земјоделците

20.10.2011 14:22 | KumanovoNews

 Од кумановската Агенција за развој и поттикнување на земјоделството ги информираат заинтересираните земјоделци дека во тек е јавниот повик за доставување барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Проекти за финансиска подршка на земјоделците

Право на користење на средствата имаат земјоделците кои се регистрирани како земјоделски стопанства во ресорното министертво, земјоделските задруги, единици на локална самоуправа, трговски друштва и задруги кои исполнуваат услови за врешење дејност.

"Финансиската поддршка се исплаќа согласно прнципот на ко-финансирање во висина од 50% од вредноста на инвестицијата" – вели Живка Наумова, раководител на кумановската Агенција за развој и поттикнување на земјодлеството.

Според, евиденцијата на оваа агенција, земјоделците од кумановско, најчесто доставуваат барање за мерката модернизација на земјоделските стопнаства. Лани дваесетина земјоделци, преку оваа програма набавиле земјоделска механизација. Програмата опфаќа и доделување средства за преработка  на земјоделските производи, инвестиции во инфраструктурата, еконсомско здружување и подобрување на квалитетот на живот во руралните средини.